Милијардери од продажба на хамбургери и пиво
Помеѓу откритијата на годината е и Линдзи Торес. Таа е најмладиот милијардер во САД според класификацијата на агенцијата Bloomberg. Торес во моментов е член на така наречениот Индекс на милијардерите на агенцијата. Тоа е список кој се ажурира секојдневно и во него се наоѓаат 300-те најбогати луѓе во светот.
31 годишната Торес е наследничка на ланецот ресторанти In-N-Out Burger, кој е основан во 1948 година во калифорнија. Таа го преживува времето во кое нејзиното семејство од еден единствен киоск за хамбургери и брза храна гради империја за брза исхрана. Во меѓувреме богатството на Торес се оценува на 1 милијарда долари според податоците на Bloomberg.
Во основа ланецот In-N-Out обработува ладно но не и замрзнато свежо месо кое треба да биде доставено од големите месни индустрии на компанијата во рок од 24 часа. На квалитетот се оддава големо внимание и при преработката на сецканиот компир. Тие се сецкаат пред очите на самиот клиент. Исто како и салатата.
Друг пример е Џон „Џони“ Морис. Тој стана милијардер откако обедини неколку водечки продавници за различни спортови на отворено и ги снабдува со доза на забава. Во 1972 година неговиот татко ја содава во Спрингфилд, Мизури, компанијата Bass Pro Shops LLC.
Денеска компанијата се состои од најмалку 58 гигантски трговски центри. Уште 20 такви веќе се во план за отварање. Компанијата исто така произведува на различни чамци за риболов. Таа располага со голем број на марки за уреди за домакинството и управува со ланец на ресторанти во трговските центри.
Стивен Ореншсцеин кој со своите 50 години устева да создаде својот имиџ во доста непријателска средина. Како мнозински сопственик на Supreme Group BV тој раководи со пратките на храна и гориво во некои од нај негостопримливите земји во светот како Либија, Мали и Судан. Неговиот веројатно најголем бизнис е како добавувач за војниците во Авганистан каде добавувачите на услуги често треба да ги избегнуваат куршумите на талибанците.
Вооружен со семејниот рецепт и успешност С.Џејмс Џим Кук го направи своето рачно создадено пиво кое е навистина популарно во САД. Во меѓувреме неговата Boston Beer Co. прерасна во втора по големина пивница во САД, која ја поседуваат американци. Благодарение на успехот на брендот Samuel Adams цената на акциите на компанијата минатата година забележа скок од 80 проценти.
Нивната основна марка на пиво често се нарекува со кратенката "Sam Adams". Таа е крстена по човек кој навистина имал пивница. Пред се Самјуел Адамс е познат по лидерската позиција за време на Војаната за независност во Америка. Boston Beer Company прави дванаесет различни видови на пиво.
Џонатан Орингр е основач на Shutterstock. Тој го користи скокот од 222 проценти на неговите акции во компанијата и стана првиот милијардер од Силициевата долина во Њу Јорк. 39 годишниот маж го основа Shutterstock во 2003 г. со 30 000 сопствени слики и ја претвора компанијата во најголемата агенција за слики и видео во светот. Неговите нето активи се оценуваат на 1,5 милијарди долари.
Џонатан Греј е директор на бизнисот со недвижности на Blackstone Group LP. Тој стана милијардер кога акциите на фондот за основни делови стациониран во Њу Јорк скокнаа во мај. Цената на акциите се дуплираше во 2013година откако компанијата продаде дел од своите активи и врати доста пари на акционерите. Богатството на 43 годишниот Греј според податоците на Bloomberg е во размер од 1,4 милијарди долари.
Во крајна линија 300 –те најбогати луѓе во светот станаа уште по богати минатата година. Нивните активи се зголемија за 524 милијарди долари покажува индексот на милијардери на Bloomberg.
- Богатите ќе станат уште побогати во 2014 година, вели Џон Кациматидис основачот на конгломератот во областа на енергетиката и недвижниот имот Red Apple Group Inc. во интервју за Bloomberg News.
K.K.

Слично