Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијардери од Индонезија заинтересирани за инвестиции во Хрватска

Милијардери од Индонезија заинтересирани за инвестиции во Хрватска
Во последните три месеци, Хрватска, во посебни делегации, ја посетија двајца индонезиски милијардери. Во посета беше Абдулах Хендро Прионо, сопственик на корпорацијата Хендро прионо, чија вредност се проценува на пет милијарди долари, пишува хрватскиот весник Глобус. Од Џакарта стигнал и Сумади Кусума, сопственик на Глобал Путра Интернешенел Груп, чие богатство се проценува на шест милијарди долари. Кусума го интересира влезот на европскиот пазар па сака да го купи аеродромот во Осиек, а го интересираат и морските пристаништа Риека и Плоче, пишува Глобус.  
Слично

Поврзани вести