Милијардер кој успеа да натрупа 2,1 милијарди долари од ништо
Го Чен Лианг е еден од најпознатите и во исто време еден од најмалку почитувани бизнис магнати во Сингапур . Тој не се појавил во рејтингот на богатите , ниту пак некогаш давал интервјуа , со исклучок на еден случај во 1997 година.
Сепак, некои од највпечатливите места во Сингапур , како болницата Mt . Elizabeth и трговскиот центар Liang Court на кејот Кларк , се изградени од овој бизнисмен , избегнувајќи го публицитетот , пишува Forbes .
Го никогаш не одел на училиште . Тој е роден во 1928 година во сиромашно семејство кое живеело во една соба и бил едно од четири деца. Како момче Го продавал рибарски мрежи и работел во железарија, трупајќи бизнис вештини , кои потоа му ја одредиле судбината .
Во 1949 година , кога Британците ги продаоа своите останати резерви од Втората светска војна , Го ги купува евтино сите буриња со боја. Со кинески речник на хемикалиите во рака , тој почна да меша раствори , пигменти и хемикалии , за да произведува сопствени бои со брендот Pigeon .
Следната година избувнува Корејската војна и забраната за увоз му носи на Го неочекувана добивка . Бизнисот му цвета кога се појавува можност да се поврзе со Nippon Paint of Japan . Го презема овој чекор со создавањето на заедничко вложување на име Nipsea Management Group .
Така, од никаде се создава конгломерат за бои, чија марка Nippon , денес е една од најпопуларните во цела Азија . Денес брендот бои Nippon се продава во 15 земји надвор од Јапонија и располага со 15 000 вработени и 30 фабрики. Годишниот промет изнесува 2,6 милијарди долари .
Го Хум Џин , син на Го , во моментов раководи со компанијата. Во текот на годините Го инвестира дел од профитот од бизнисот со бои во имот, така што гради трговски центри , хотели , станбени згради , создава компании за производство на електроника за пакување, логистика, компанија за производство на храна во САД и дури рударска компанија во Кина !
Во годините Го ги продавал акции во компаниите од неговата група , кои излегувале на берзата. Тој продава 59 отсто удел во Liang Court за 175 милиони долари во 1999 година. Компанијата за електроника Omni Industries , проценета на 1 милијарда долари е продадена во 2001 година. Mt . Elizabeth исто е продадена .
Минатата година, тој упати понуда во вредност од 751 милиони долари за дополнителни 30% во компанија мајка на Nippon во Токио , но брзо ја повлече за да се концентрира на развојот на својот бизнис во Азија .
Тој се уште фаќа место во вестите , почесто заради дарежливите донации за стипендии , истражувања во борбата против ракот и едукација , отколку заради бизнис потезите.

Слично