Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милијарда евра за автопат во Косово, еден километар чини 12 милиони евра!

Милијарда евра за автопат во Косово, еден километар чини 12 милиони евра!
Една милијарда евра за  78 километри, односно по 12 милиони евра за секој километар, толку косовските граѓани ги чинела изградбата на новиот автопат кој тргнува од преминот Морина на албанско-косовската граница, па оди до селото Беси кај Приштина. Како што јави МИА, во оваа сума за изградба на автопатот „Ибрахим Ругова“  се вклучени и трошоците за обештетување за земјиштето.  Според  Крешник Бериша, советник во Министерството за животна средина, за обештетувањето за земјиштето каде минува  автопатоот биле потрошени околу 124 милиони евра. За еден функционер од Министертвото за инфраструктура, која дал изјава за  весникот „Зери“,  работите околу на автопатот„Ибрахим Ругова“  кој се поврзува со автопатот Драч-Кукс-Морина, се одвивале „според планираната динамика“ и завшриле за 44 месеци. „Автопатот е во должина од околу 78 километри, на него се изградени 15 мостови, 31 надвозник и 25 подвозници. Изградбата на автопатот „Ибрахим Ругова“ чинеше околу 800 милиони евра,“ изјавил тој за „Зери“.
Слично

Поврзани вести