Милевски: Иванов нè скара со цела Европа
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски синоќа во МОБ ја одржа својата програмска конвенција, под мотото „Има избор. Овде и сега“, при што говореше за актуелните случувања и изјавите на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„Иванов за германските медиуми изјави дека Европската унија н лажела и манипулирала 25 години. Иванов е најдобар кога молчи затоа што кога прозбори, нè скара со цела Европа. Му порачуваме да продолжи да си молчи, затоа што импичмент за вакво однесување не му бега - изјави Милевски.
Додаде дека власта гради споменици, а младите секојдневно се иселуваат од Македонија. Даваат привилегии за странските инвеститори, а од друга страна, ги малтретираат и рекетираат домашните фирми. Трошат пари за барок споменици и скулптури, а земаат кредити за плати и пензии.
„На пензионерите им треба стабилна пензија, а субвенциите да одат кај вистинските земјоделци. Новата Влада ќе инвестира во инфраструктурата и во обновливи извори на енергија“ - вели Милевски.
Пред присутните партијата ја презентираше својата програма.
Слично
