Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милер најавува резолуција за прием на Македонија во НАТО

Милер најавува резолуција за прием на Македонија во НАТО
Нова резолуција за поддршка на приемот на Македонија во НАТО најави Кендис Милер, американскиот конгресмен која претседава со групата за пријателство со Македонија. Оваа резолуцијата доаѓа по писмото кое 40 конгресмени го упатија до државниот секретар на САД Џон Кери, во кое побараа прием на Македонија и Црна Гора во НАТО на самитот во Британија во септември. - Македонија беше една од првите земји кои и понудија на САД поддршка по нападите на 11 септември, лојален и ефикасен член на меѓународните безбедносни напори и е повеќе од достоен кандидат за членство во НАТО. Од 1993 година, Македонија беше посветена на приемот во НАТО, и нејзините војници служат заедно со војниците на НАТО на војните полиња низ светот. Тоа е горда нација која ги дели нашите вредности и посветеноста кон слободата и демократијата. Затоа, како претседавач со Групата за Македонија и македонските Американци во Конгресот, истакнувам дека Македонија придонела и придонесува кон НАТО и силно го поддржувам нејзиниот прием во меѓународните безбедносни организации, пишува во соопштението на конгресменката Милер објавено вчера, по повод најавата на новата резолуција до Конгресот која се очекува да биде претставена наскоро. Милер, која е  републиканка од Мичиген, неодамна се обрати на собирот во Конгресот, организиран заедно за промовирање на кандидатурата на Македонија, Црна Гора, Босна, Грузија и Косово за прием во НАТО, односно за отворање на процесот МАП и прием во програмата Партнерство за мир. Повиците за реактивирање на проширувањето на НАТО зачестија во САД по почнувањето на кризата во Украина.
Слично

Поврзани вести