Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миле Цеков: Власта не го прифати предлогот за зголемување на прагот на ДДВ од 2 на 4 милиони денари

Миле Цеков: Власта не го прифати предлогот за зголемување на прагот на ДДВ од 2 на 4 милиони денари

Независниот пратеник Миле Цеков, кој во Собранието влезе како дел од ЗНАМ, објави дека неговите предлог измени на Законот за данокот на додадена вредност со што прагот за задолжителна регистрација за ДДВ  би се зголемил од 2.000.000 на 4.000.000 денари, не го поминале комисискиот филтер. Тој реагира дека оваа мерка за олеснување на малите бизниси, пред се на земјоделците, била предвидена во владината програма.

Според предлагачот, со оваа промена требало да се овозможи олеснување на микро и малите компании, како и на регистрираните земјоделци – физички лица – кои се соочуваат со зголемени трошоци за суровини, енергенси, услуги и работна сила, особено во услови на инфлациски притисоци.

Со овој предлог-закон се предлагаше во членот 51 зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ од 2.000.000 денари на 4.000.000 денари за поддршка на малите и средни компании во нивниот раст како и за регистрираните земјоделци – физички лица, со што истовремено се отвора можност за поширока поддршка и олеснување и за микро и малите компании кои вршат дејност во услови на зголемени трошоци и инфлациски притисоци. 

„Почитувани мали бизнисмени, занаетчии, трговци и земјоделци 

Денес на комисија за финансирање и буџет се обидов да обезбедам подобри услови за работа преку поднесување на измена на законот за ДДВ со зголемување на прагот за ДДВ регистрација од 2 на 4 милиони денари 

Основната цел на ова законско решение е да се поддржи растот и развојот на микро и малите компании, самостојните вршители на дејност и индивидуалните регистрирани земјоделци, намалување на сивата економија, намалуване на административниот товар врз малите фирми, подобрување на ликвидноста бидејки денес еден мал бизнис многу брзо го достигнува прагот од 2 милиони денари, не затоа што станал голема фирма, туку затоа што сè е поскапено. Наместо да расте и вработува, добива дополнителни административни обврски и трошоци, истовремено земјоделецот треба да биде на нива, а не по шалтери и кај книговодители, времето што го губи на администрација е време изгубено за производство. Кога малата фирма или занаетчија ќе влезе во ДДВ, најчесто услугата поскапува за граѓаните а на крајот цената ја плаќа и бизнисот и граѓанинот.

За жал, и покрај аргументите и фактот што зголемувањето на прагот за ДДВ беше предвидено и во програмата на владејачката партија за парламентарните избори во 2024 година,колегите од власта не го поддржаа предлогот и тој не помина во прво читање 

Кога мал трговец, занаетчија, фирма или земјоделец ќе го достигне прагот со промет од 2 милиони денари, многумина почнуваат да го ограничуваат прометот, да користат други сметки или дел од трансакциите да ги прават во готовина само за да не влезат во системот на ДДВ

На тој начин не се поттикнува растот на бизнисот, туку се поттикнува сивата економија, всушност наместо повеќе формална економија, добиваме повеќе работа надвор од официјалните текови 

Борбата за подобри услови за домашната економија продолжува“, објави Цеков.


Слично

Поврзани вести