МИЛАНОВИЌ ЗА УКРАИНА ВО ЕУ: Потсетува дека Црна Гора и Албанија пред неа се во чекалната
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство во Европската Унија(ЕУ) на Украина.
Според него, „за жал, ЕУ со години убива некои земји, а за тоа недостига волја кај некои актери со одложување на нивните преговори“.
„Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни…што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува. Што ќе се случи потоа, ќе одлучи ЕУ“, додаде Милановиќ, пренесува Блиц.
Милановиќ се пожали и дека Хрватска практично ѝ дала на Украина 35 тенкoви на подарок и не добила ништо за возврат.
Слично
