Милановиќ за Србија: Ние сме ЕУ, тие не се и ако вака продолжат, прашање е кога ќе бидат
Ние сме ЕУ, тие не се. Ако вака продолжат, прашање е кога ќе бидат, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на барањето да даде коментар на изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дадена во Мостар дека таа не е премиерка на херцеговските Срби.
Тој вели дека не ги слуша нејзините изјави, ниту „на никој од јунаците од злобното време“.
Брнабиќ вчера во Мостар, на прашањето дали таа е премиерка на Србите кои живеат во Херцеговина, како што Милановиќ кажа дека е претседател на Хрватите во БиХ, ја отфрли споредбата.
„Не гледам јас на тоа така. Изјавата на Милановиќ ми беше неверојатна и ми беше неверојатно тоа што не стигнаа реакции, дури ни од Европската Унија. Јас сум премиерка на Србија и на мојата функција има пандан во БиХ“, кажа Брнабиќ.
Инаку, Милановиќ ја нарече Брнабиќ портпарол на српскиот претседател Александар Вучиќ.