Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ за БиХ: Немаат леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени

Милановиќ за БиХ: Немаат леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ ја повтори идејата претставниците на трите конститутивни народи на Босна и Херцеговина да седнат на маса со него, српскиот Александар Вучиќ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, бидејќи „во таква средина може да се најде задоволително решение“ за кризата во БиХ.

„Додик е последниот проблем на Босна и Херцеговина. Каков е Шмит? Не го познавам човекот, но нема да го избрка Додик со тие детски закани. Додик го претставува српскиот народ во БиХ“, изјави  Милановиќ.

Милановиќ одговори и на прашањето дали БиХ е на работ на војна.

„Не се затоа што немаат леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени. Додик понекогаш е невоздржан, но ние може да се договориме со него за 10 минути, а не за поделба на Босна“, рече  Милановиќ.

Изјавата  предизвика голем интерес кај медиумите од БиХ, а дел од нив изјавата на Милановиќ ја нарекуваат срамна.

Изминатиов период повторно се отвори темата за можна поделба или војна во БиХ. Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик ретерираше и негираше дека сакал да ја дестабилизира БиХ. 

Слично

Поврзани вести