Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ: Србија е во шизофрена позиција, фантазира за Русија, а тврди дека влегува во Европа

Милановиќ: Србија е во шизофрена позиција, фантазира за Русија, а тврди дека влегува во Европа

Косово е реалност, а „Србија е во шизофрена политичка позиција“, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Милановиќ на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај во Загреб рече дека „Хрватска ќе придонесе за напредокот на Косово“.

„Косово е реалност. Најголемиот број земји од ЕУ и НАТО го прифатија, некои не. Земјите што не го прифатиле, ако ги прашате зошто не го прифатиле, нема да знаат како да го оправдаат својот став. Хрватска меѓу првите земји го прифати Косово. Ова е реалност. Ќе направиме се што можеме и никогаш со цел да ја испровоцираме Србија, но сакаме да ги убедиме дека тоа е реалност,“ вели Милановиќ.

Додал дека „реалноста е дека Косово е дел од Европа, кого во не така далечна иднина ќе го признаат сите земји од ЕУ”.

„Србија сега е во шизофрена политичка позиција. Од една страна фантазираат за односите со Русија, а од друга страна тврдат дека влегуваат во Европа. Косово е на добар пат. Активно ќе придонесеме максимално, посочил меѓу другото претседателот на Хрватска, Милановиќ.

За албанскиот претседател сите лидери на Западен Балкан мора да се однесуваат, не како политичари, туку како државници. Бегај се заблагодарил за поддршката што Хрватска ја дава на Косово. Србија се лути затоа што во Советот на Европа, во однос на Косово, Украина беше воздржана. 

Српската премиерка Ана Брнабиќ одби да учествува на Економскиот форум во Делфи поради неутралната позиција на Грција во Советот на Европа при гласањето за членството на Косово во организацијата.

Фото: Andrej Tarfila / Shutterstock Editorial / Profimedia

Слично

Поврзани вести