Милановиќ: Русија е непобедлива, не треба да ја силиме Украина да се бори до последниот Украинец
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска пред хрватските медиуми ја коментираше војната во Украина. Тој рече дека не му е јасна изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Владимир Путин не треба да се понижува.
„Не разбирам што сакаше да каже Макрон со тоа. Не знам како Путин би можел да биде понижен. Невозможно е да ги победиме, тие се насилни и премногу силни и многу опасни. Тоа го гледаме. Донбас е на 150 километри од Волгоград. Ако Русија беше демократија, ќе можеше да се разговара со нив“, рече Милановиќ.
Според хрватскиот претседател, текот на војната се движи само во еден правец.
„Украинскиот претседател нема друг избор освен да зборува и да го прави она што го кажува, а тоа, за жал, како што можеме да видиме, води до воен пораз“, рече Милановиќ.
Тој додаде дека актуелното храбрење на Украина значи и борба до последен Украинец, а според него, и најслабите аналитичари знаат дека Русија ја контролира ситуацијата.
„Руската чизма не оди таму од каде што доаѓа. Никој нема да ги избрка. Тоа е моќна воена сила. Можеме да уживаме во нивната бавност, но, за жал, така е.
Три пати ја испочитував Украина, но таму умираат луѓе. И тие ќе продолжат да умираат ако ја храбриме Украина да се бори, да се бори до последниот Украинец“, рече тој.