Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ оние кои ќе гласаат за влез на Финска и Шведска во НАТО ги нарече предавници

Милановиќ оние кои ќе гласаат за влез на Финска и Шведска во НАТО ги нарече предавници

Кој не е за блокада на приемот на Финска и Шведска во НАТО е предавник, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Тој денеска изјави дека ќе го прогласи за предавник секој кој нема да го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО, додека Хрватите во БиХ не добијат писмена гаранција дека изборниот закон во БиХ ќе се промени. Вели дека Хрватска има историска можност да се бори за Хрватите од Босна и Херцеговина.

„Тоа е хрватски интерес, не е каприц и опсесија, во хрватскиот Сабор не доаѓа предвид да се гласа за какво било проширување на НАТО. Јас зборувам многу јасно, додека Хрватите во БиХ не добијат писмена гаранција дека се решени работите. Додека не се стави на хартија, значи до промена на законот. Кој не гласа така, ќе го наречам предавник, како и секој што пие кафе со нив“, рече Милановиќ.

Двете земји се изјаснија дека сакаат да влезат во НАТО, откако Русија ја почна инвазијата на Украина. Русија им се закани на овие две држави и нагласи дека ако влезат во НАТО нема да бидат побезбедни. 

Слично

Поврзани вести