Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ нема да дозволи обука на украински војници во неговата земја

Милановиќ нема да дозволи обука на украински војници во неговата земја

Многу европски земји понудија и овозможија обука за украинските војници, но хрватските власти се против. 

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ  не ја поддржува обуката на хрватска територија.

„Јас не ја поддржувам таа идеја бидејќи не поддржувам повеќе од она што треба да се вклучи Хрватска во оваа војна. Тоа ѝ носи војна на нашата држава. Ние сме коректни, солидарни сме и тоа е тоа“, рече Милановиќ, пренесе „Хина“.

Доколку Министерството за одбрана на Хрватска би се согласило со таква идеја, Милановиќ порачува да не се впуштаат во тоа. 

„Како врховен командант на хрватските вооружени сили, нема да одобрам“, дециден е Милановиќ.

Германија, Британија, Франција се дел од земјите кои реализираат или ќе реализираат обуки за украинските војници. Многу европски земји донираа и оружје. 

Слично

Поврзани вести