Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ кажа дека Вучиќ бил воен хушкач

Милановиќ кажа дека Вучиќ бил воен хушкач

Вучиќ е горд на својата улога во војната, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Милановиќ изјави вчера во Њујорк дека неговиот српски колега Александар Вучиќ поттикнувал војна и веројатно е горд на таа улога. Милановиќ во вчерашниот говор на универзитетот Колумбија кажа дека Вучиќ бил воен хушкач. 

„Тука се лееше крв, се палеше, се убиваше, а некои луѓе го поттикнуваа тоа. Мислам дека Вучиќ е горд на тоа што го правел. Тоа е нешто што треба да се констатира повремено, особено кога некој испраќа на дневна основа некакви свои политички холограми, портпароли и хушкачи да зборуваат сè што ќе им падне на памет во негово име. Тоа е валкано и методолошки евтино“, кажа Милановиќ.

Вучиќ изјави дека Милановиќ зборува такви работи за него, „плитки и ниски навреди“, бидејќи Хрватска е љубоморна на економскиот успех на Србија.

Милановиќ е еден од најглупавите хрватски политичари, кажа српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин. 

Слично

Поврзани вести