Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ го брани Орбан за правата на Унгарците во Украина

Милановиќ го брани Орбан за правата на Унгарците во Украина

Критики на адреса на Европската Унија(ЕУ) упати хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Вели дека од ЕУ добиле писмо полно со лаги. Според него, ЕУ ги третира како да се ретардирани. 

„Пред еден месец Борел испрати писмо до Хрватска полно со лаги, во кое не третира како да сме ретардирани. Се извинувам за изразот, како да имаме посебни потреби. Да ни оневозможи симболично присуство во Мисијата на Алтеа во Босна и Херцеговина Се обидувам да бидам учтив, но во одреден момент треба да кажете доволно“, рече Милановиќ.

Вели дека ако Хрватите и Србите можат да се договорат за кирилицата во Вуковар, не гледа каде се проблемите во Закарпатскиот регион на западот на Украина, каде што живеат 150.000 Унгарци. Прашува дали и ова е проруски став. 

„Бевме во војна и нападнати од посилен непријател. Немавме оружје, никој не ни помогна, по правило ни наметнуваа високи критериуми и бевме под ембарго. Спроведовме највисоки стандарди на заштита на малцинствата, а по првичните немили настани, луѓето почнаа да се враќаат во Хрватска и почнаа да ги бараат своите малцински права“, изјави Милановиќ.

Унгарија ја блокираше воената помош вредна половина милијарда евра во седмиот таков пакет во рамките на Европскиот мировен фонд, изјави за полски РМФ висок дипломатски извор од ЕУ.  Тој лани носеше шал на кој беше картата на Голема Унгарија сосе дел од Украина и други држави. Милановиќ не сакаше Хрватска да помогне  на Украина, за што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека тој е поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин. 

 Фото: Andrej Tarfila / Shutterstock Editorial / Profimedia

Слично

Поврзани вести