Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ е против, но Пленковиќ е за да им се помогне на Украинците

Милановиќ е против, но Пленковиќ е за да им се помогне на Украинците

Во Хрватска има несогласувања околку тоа дали земјата треба да се вклучи во обука на украински војници или не. 

Претседателот Зоран Милановиќ изјави дека тоа нема да го одобри, и дека со тоа Хрватска се меша во војната.  Но, премиерот Андреј Пленковиќ не мисли така. Тој денеска рече дека Хрватска ќе учествува во обуката на украинските војници преку мисијата на ЕУ и го осуди фактот дека претседателот Зоран Милановиќ и „неговите трабанти“ се против тоа затоа што хрватските војници исто така биле обучени од странски инструктори во Татковинска војна.

„Хрватска доброволно преку владините одлуки со месеци ја поддржува Украина и тоа политички, дипломатски, финансиски, економски, хуманитарно и со испраќање воена помош“, рече Пленковиќ.

Милановиќ вчера рече дека не ја поддржува обуката на украинските војници на хрватска територија, бидејќи тоа би значело заплеткување на Хрватска во војната во Украина, повеќе од што е потребно.  Милановиќ праша кој ќе го компензира тоа што Хрватска ќе и подари 14 хеликоптери на Украина.

Слично

Поврзани вести