Милановиќ: Без Русија нема европска стабилност, а Украина нема да се усреќи ако го слуша актуелен Лондон
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ оцени дека нема европска стабилност без Русија.
„Со неа треба да се договорите“, изјави Милановиќ на новинарите во Загреб.
Милановиќ оцени дека Велика Британија „поттикнува“ и дека Украина „нема да биде среќна ако го слуша сегашниот Лондон“.
Тој повтори дека е пријател на Украина и дека е неодговорно да се држи земја во тешки проблеми, на кои ЕУ испраќа збунувачки пораки, како заложник на Лондон и Вашингтон.
„Не сакам ниту еден Украинец или Русин да умре, а за Хрватите нема шанси“, нагласи Милановиќ.
Коментирајќи ја кризата на украинско-руската граница, Милановиќ минатата недела рече дека ќе го повлече „до последен“ хрватскиот војник доколку кризата во областа ескалира, бидејќи Хрватска нема никаква врска со конфликтот.
Тој оцени дека станува збор за сериозна криза која „нема никаква врска“ со Украина и Русија, но дека има врска со динамиката на американската внатрешна политика на Џозеф Бајден и неговата администрација. Тој оцени и дека за Украина нема место во НАТО и дека е една од најкорумпираните земји.
Премиерот Андреј Пленковиќ се огради од неговите изјави, а во исто време им се извини на Украинците.
Фото: Видео Принтскрин јутарњи.хр
