Милан Бачевиќ: Еве зошто пловниот канал Дунав-Морава-Вардар е одличен проект!
„Сите важни проекти во историјата на човештвото наишле на отпор, па така и на идејата за изградба на пловниот пат од Белград до Солун“, изјави денeска српскиот министерот Милан Бачевиќ за време на презентацијата на информациите за работата на неговото министерство од ноември 2012-та до јануари 2013 година. Притоа Министерот апелираше до членовите на Собраниската комисија за заштита на животната средина, да имаат разбирање за проектот и покрај бранот од сериозни медиумски напади, убедувајќи ги дека ова е добар проект.
Според него, само оние кои се упорни и убедени во исправноста на своите планови и намери може да успеат, а во Владата на Србија има, како што посочи тој, високо ниво на согласност за изработка на физибилити студија која ќе се фокусира на хидросистемот Дунав-Морава-Вардар.
Министерот истакна дека за овој, како што го нарече, сјаен проект, државата нема да треба да се задолжува и дека е можно да се реализира ако се покаже како рентабилен. Заедно со проектот „Јужен тек“, тој посочи дека ова се двата најважни проекти за Србија.
Слично
