Мила Царовска: Се уште не е познато колку приговори за платежните картички се прифатени
Се уште се обработуваат приговорите од граѓаните кои не се добитници на платежна картичка од 3.000 денари од третиот пакет економски мерки на Владата а во кои сметаат дека требало да се најдат во виртуелниот список како пријавени, информира Мила Царовска, вицепремиерката за економски прашањ.
Станува збор за повеќе од 30.000 мејлови со приговори и забелешки кои беа испратени на електронската пошта на Генералниот секретаријат на Владата, каде што може да се обрати секој граѓанин за кој не следува платежна картичка од кампањата „Купувај домашно“ а за која смета дека треба да ја добие.
- Колку од нив се позитивно решени, а колку не, ќе биде познато откако ќе се обработат доказите кои се бараа да бидат приложени за да им се обезбеди правото. што им седува доколку институциите направиле технички пропусти
Рокот за поднесени приговори и други дополнителни прашања во Генералниот секретаријат истече на 15 јуни, а тим од Министерството за труд и социјална политика се уште ги обработува поплаките.
Царовска дополни дека Генералниот секретаријат кога ќе биде завршена проверката јавно и транспарентно ќе излезе во јавноста за бројот на прифатени приговори, а граѓаните навремено ќе бидат информирани доколку нивните приговори бидат прифатени.
