Миконос, Санторини, Крф: Приватизација на регионални аеродроми во Грција
Девет клучни приватизации во Грција ќе бидат завршени во првата половина на 2016 година, како и продажбата на повеќе од десет регионални аеродроми за кои договор ќе биде сигурно потпишан, изјавил директорот на грчкиот фонд за приватизација, Стергиос Питсиорлас.
Во наредните десет дена ќе биде потпишан договор со германската компанија Фрапорт, вреден 1,23 милијари евра (1,34 милијарди долари) за преземање на 14 регионални аеродроми во Грција, меѓу кои се и оние на клучните туристички дестинации како Миконос, Санторини, Крф и Родос.
Германскиот аеродромски оператор Фрапорт управува со аеродромот во Франкфурт, во Анталија, како и со аеродромите во бугарските места Варна и Бургас.
Според условите од последниот меѓународен пакет на помош доделен на Атина, актуелната агенција за приватизација во Грција мора да биде заменета со нова која ќе управува со приватизации во вкупна вредност од 50 милијарди евра.
