Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков и враќа на Шеќеринска: Со истите клевети пред три години излезе и Љубе Бошковски

Мијалков и враќа на Шеќеринска: Со истите клевети пред три години излезе и Љубе Бошковски
Пратеничката Радмила Шеќеринска го праша Груевски: Со кои бизниси вашиот братучед Мијалков се збогатил за 1,6 милиони евра во последниве пет години. Мијалков самиот појасни, преку соопштение на сајтот на МВР, имало техничка грешка во анкетните листови. Директорот на УБК, Сашо Мијалков тврдењата на Шеќеринска изнесени во Собранието ги нарекува лаги и измислици. Тој појаснува дека во анкетните листови од 2008 година и 2013 година, разлика има само во вредноста на накитот и тоа поради техничка грешка. Мијалков образложува, во 2008 година, вредноста на накитот бил напишан во евра, а во вториот анкетен лист од 2013 година, во денари. За ообвинувања за продажбата на фирмите, вели дека се конструкции. „Моите блиски и јавноста знаат дека пред стапувањето на функција, повеќе од 20 години сум се занимавал со приватен бизнис и дома и во странство, главно во областа на градежништвото. За сите овие години, против мене не е покрената ниту една пријава, што е уште е еден доказ на кој начин може и треба да се работи. Со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски. Тогаш, појаснив дека мојот удел од 50 отсто во фирмата регистрирана 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, односно во две одвоени трансакции по 25 отсто кои вредеа по 500.000 евра, како што впрочем е наведено во анкетниот лист. Од таму се тие милион евра кои тогаш ги наведуваше Бошковски, а сега Шекеринска, споредувајќи ги со основачкиот влог во фирмата. Бошковски за истите клевети беше тужен и прогласен за виновен, по што и јавно се извинуваше дека самиот бил доведен во заблуда и манипулиран“, стои во реакцијата на Мијалков. „Дали паралелата со Љубе Бошкоски треба да ја сфатам како закана,“ праша на Твитер пратеничката Радмила Шекеринска, објави Либертас. Претходно во Собранието за време на пратеничките прашања, таа истакна дека анкетниот лист на директорот на ДБК, Сашо Мијалков за последната година, во однос на 2008 година, за само пет години, покажува пораст на неговото богатство од 1,1 на 2,7 милиони евра. За само пет години, истакна таа, овој државен функционер си го зголемил имотот за 1,6 милиони евра. „Дали премиерот знае дека државен функционер пријавил 500.000 евра вредни часовници и накит и 300 илјади евра за уметнички слики? Вашиот братучед Мијалков пријавил дека зел 500.000 евра од продажба на оснивачки долг на фирми и 500 илјади евра за удели во странски фирми“праша Шеќеринска. Таа забележа и дека во анкетниот лист од 2008 година Мијалков пријавил само еден сопственички удел во домашна фирма, а во последниот анкетен лист е впишан како сопственик на две домашни и на две странски фирми. На ова премиерот Груевски, кому му беа упатени прашањата одговори дека не знае детали, но знае дека до стапувањето на државната функција,  Мијалков бил приватен бизнисмен.
Слично

Поврзани вести