Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков фатен со пиштол на аеродром во Белград, тврди дека го носел по грешка

Мијалков фатен со пиштол на аеродром во Белград, тврди дека го носел по грешка

Екс директорот на македонската тајна полиција, Сашо Мијалков вчера бил приведен на аеродромот во Белград откако по слетувањето излегол од авионот на „Ер Србија“ кој полетал од Скопје.

Полицијата во куферот му нашла пиштол, но набрзо го пуштила откако интервенирале повисоки полициски старешени.

Од скопкиот аеродром „Александар Велики” , велат дека тоа што дозволиле Мијалков со оружје да ја помине пасошката контрола, било човечка грешка.

„Ова е изолиран случај во кој што станува збор за индивидуална, човечка грешка во примената на безбедносните процедури кои што секогаш се следат на Скопскиот аеродром. Внатрешна истрага веќе е во тек и секој што има одговорност за овој настан ќе ги сноси последиците според правилата на компанијата. Сите потребни чекори ќе бидат превземени со цел да не се случуваат слични инциденти во иднина“, велат од аеродромот во Скопје.

Мијалков ја потврди случката и вели дека несакајќи го понел пиштолот со себе на пат.

Во изјава за Прес 24, Мијалков вели дека кога тргнал на пат зел торба која не ја проверил, па пиштолот бил откриен на ренген на белградскиот аеродром.

Вели дека пиштолот бил приватен за кој имал дозвола, а не бил службено оружје од МВР.

Слично

Поврзани вести