Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков бара Иванов да ги повлече одлуките за аболиција кои се однесуваат на него

Мијалков бара Иванов да ги повлече одлуките за аболиција кои се однесуваат на него
Екс директорот на  УБК, Сашо Мијалков го повика претседателот Иванов да  ги повлече одлуките за прекин на постапките кои се однесуваат на него. Тој е уверен во добрата намера на Иванов и вели дека работел чесно и совесно во интерес на безбедноста на граѓаните. „Постапките кои СЈО ги покрена или има намера да ги покрене против мене, немаат никаква правна основа и единствено се базираат на политички нарачан прогон спротивен на Уставот и законите, вели Мијалков за прес 24. Тој е убеден додава дека не сторил ништо незаконско. – Убеден сум дека претседателот Иванов имал најдобри намери, но во мое лично име го повикувам да ги повлече одлуките за прекин на постапките кои се однесуваат на мене, бара Мијалков.    
Слично

Поврзани вести