Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијаиловиќ: Tаткото на Матеј не знаел дека неговиот син се дрогира

Мијаиловиќ: Tаткото на Матеј не знаел дека неговиот син се дрогира

Претседателот на полицискиот синдикат на Србија, Вељко Мијаиловиќ, ги опиша движењата на исчезнатиот Матеј Периш пред неговото исчезнување и откри дека кај група млади мажи од Сплит се пронајдени недозволени материи.

„Момците од Сплит дошле во Белград на 30 декември, а во сместувањето во Дорчол влегле нешто пред 18 часот. Таму почнале да конзумираат алкохолни пијалоци. Околу 21 часот отишле во ресторанот „Амбар“, каде исто така пиеле алкохол“, откри Мијаиловиќ детали од истрагата.

Тој нагласува дека полицијата уште од старт добила оскудни информации од нив.

„Не спомнаа наркотици, затоа што го познаваат и го сакаат таткото на Матеј, а тој не знаел дека неговиот син се дрогира, но траги најдовме во комбето со кое дошле од Хрватска, како и во сместување во Белград“, вели Мијаиловиќ.

Тој кажа и дека пред месец и половина Матеј изгубил пријател и се уште бил потресен од тоа. Вели дека полицијата совесно си ја врши работата и дека може само да се надеваат дека младиот човек ќе биде пронајден жив.

Исчезнувањето на момчето се претвори во мистерија. 

Слично

Поврзани вести