Михајловиќ за Путин: Toj води освојувачка, а не ослободителна војна
Владимир Путин води освојувачка војна, вели потпретседателката на српската влада, Зорана Михајловиќ за рускиот претседател.
Таа рече дека Путин го носи целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето. Според Михајловиќ, Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години.
„Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да се одлучиме и јасно да ја дефинираме нашата позиција, бидејќи тоа се работи кои го надминуваат нормалното однесување. Ние сме на работ на светска војна во 21 век, кога сите треба да се бориме за подобри услови за живот“, изјави Михајловиќ за ТВ Прва.
Таа нагласи дека Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го носи целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето. И во Србија веќе има критики за Русија и Путин.
Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија, за што Европската Комисија ја критикуваше. Русија на 24 февруари ја нападна Украина, а неодамна анектираше четири украински региони, но потоа изгуби целосна контрола во тие региони, затоа што украинските сили вратија дел од овие територии.
foto Facebook
