Михајло Михајловски, „Фени“: Половина од ДДВ ни вративте, чекаме уште половина до февруари!
Извршниот директор на „Фени индустри“, Михајло Михајловски денеска упати неколку барања до министерот за финасии Зоран Ставрески за да се релаксира металуршката индустрија.
„Сакам да го искористам присуsтвото на министерот Зоран Ставрески и јавно да побарам малку да не релаксираат со часовното балансирање на струја, бидејќи тоа е проблем за металургијата, а со тоа комплeтно металургијата ќе дојде во уште потешка состојба. Ние не сме подготвени, ни трeба едукација, ни треба подоготвка. Ние сме за тој закон, но ни треба одлагање од шест месеци до една година“, изјави Михајловски, осврнувајќи се и на повратот на ДДВ.
„Повратот на ДДВ кај големите компании до неодамна претставуваше голем проблем. Сега е во ред. Ветувањата од премиерот сега се реализираат 50% од долгот по основ на поврат на ДДВ веќе е вратен. Се надевам дека до крајот на јануари или до крајот на февруари ќе бидеме на нула. Најважно од се е законскиот рок од 30 дена за враќање на поврат на ДДВ да се испочтиува од страна на Владата“, потенцираше Михајловски и додаде дека ситуацијата во металургијата не е сјајна, но се надеваме на подобро.
Слично
