Економија, финансии, бизнис

Контакт

Михаил Петковски, универзитетски професор: Економијата ќе зависи од силата на приватниот сектор!

Михаил Петковски, универзитетски професор: Економијата ќе зависи од силата на приватниот сектор!
Зголемените владини трошења можат да се финасираат или со зголемени прилии по основ на повисоки даноци или преку зголемување на наплатата. Универзитетскиот професор Михаил Петковски не очекува промена во сегашната даночна политика, но сугерира на намалување на буџетскиот дефицит. „Потребно е постепено намалување на дефицитот. Значи, сепак дефицит ќе има и треба да има  и во наредните години но со помала стапка и мислам дека тоа е една нормална и прифатлива стратегија која ќе доведе до тоа да по извршената фискална консолидација, главното место во заздравиувањето да го добие приватниот сектор. Тоа е  нормално, бидејќи секој стимуланс има свој крај. Во крајна линија за перформансите на економијата и за нејзината натамошна перспектива одлучува силата на приватниот секотр “ – оценува професорот Петковски и додава : „Ако мислите дека имате кусок на приходи во Буџетот тогаш една од опциите е зголемување на даноци.  Другата опција е да ги скратите расходите. Меѓутоа колку што јас знам, освен некои мали промени внатре во некои даноци, Владата е ориентирана на тоа да нема промена во даночните стапки.Во тој случај останува  да се потрпреме на силата на економијата, односно ако се реализира прокетираниот и предвидениот економски раст тогаш ќе имаме и повеќе даноци и се разбира треба да се направат дополнителни напори во поглед на наплатата на даноците и намалување на сивата економија, така да особено во 2014 та не би очекувал зголемување на ниту една даночна стапка.“ – вели професорот Петковски.
Слично

Поврзани вести