Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигрантите во Грција протестираат против враќање во Турција

Мигрантите во Грција протестираат против враќање во Турција

Тензиите во пристаништето Пиреа, во Атина, растат.

Имигрантите излегоа на протест против нивното враќање во Турција,  а меѓу нив имаше и многу мали деца дури и бебиња. По неколку инциденти и судири меѓу бегалците и пристанишните власти, група од деца извикуваа „отворете ги границите" и „без храна, без вода." Грција започна да депортира бегалци назад во Турција од островите Лезбос и Хиос во понеделникот, како дел од договорот со ЕУ. Според условите за кои Анкара и Брисел се согласија на 18 март, европските земји ќе земат по еден сириски бегалец директно од Турција за секој кој ќе биде депортиран од Грција. Организациите за човекови права се критични кон договорот помеѓу Брисел и Анкара.

Слично

Поврзани вести