Мигрантите во Гевгелија се тепаат за седиште во возот
За да влезат во возот кој патува на релација Гевгелија-Табановце, мигрантите секојдневно се туркаат за да фатат било какво место. Кабини и ходниците се преполни, а луѓето влегуваат и низ прозорците.
Но, денеска на железничката во Гевгелија мигрантите буквално се тепаа за место во возот.
Возовите во кои патуваат мигрантите личат на товарни. Секој ден доаѓаат само по неколку вагони кои собираат околу 500 мигранти, а двојно повеќе остануваат да го чекаат следниот воз.
Понекогаш дневно има по по околу 2000 бегалци кои ја минуваат оваа рута со воз.
Фото: Томислав Георгиев
Слично
