Мигрантите се враќаат во Грција, новинарите казнети
Припадници на МВР и АРМ почнаа да ги враќаат назад на грчка територија мигрантите кои вчера нелегално влегоа во земјава.
Повеќето бегалци кои вчера ја поминаа границата кај гевгелиското село Моин, почнале да се повлекуваат на грчката страна. Околу 1000 луѓе придружувани од грчката полиција дојдоа до Сува Река, од каде што со помош на јажиња беа префрлени до другата страна. Полицијата привела и новинари кои ги придружувале мигрантите. Повеќе од 14.000 мигранти се „заглавени“ во близина на Идомени, откако земјите од балканската рута го стопираа нивниот пат кон државите од Европската Унија.
Новинарите кои вчера илегално ја поминаа македонската граница од Грција, се казнети со по 510 евра и забрана за влез во Македонија во период од 6 месеци.
Повеќето од казнетите се државјани на Грција и Германија.
Слично
