Мигрантите поминуваат организирано помеѓу Грција и Македонија
Падна напонот од бегалскиот бран на границата помеѓу Македонија и Грција. Мигрантите преминуваат непречено и организирано.
Најмногу тензично е на српско-унгарската граница, каде бегалците слегуваат од автобусите и возовите и прдолжуваат полноќнио патување пеш, минувајќи на територијата на ЕУ.
Со наближувањето на крајниот рок за завршување на граничниот ѕид кој Унгарија го гради - 31 август, се очекува последното бегалско невреме.
Автобусите кои ги превезуваат бегалците кон Унгарија, застануваат во кампот на неколку километри од границата. Оттаму очајните луѓе тргнуваат пеш по железничката линија, која се уште не е препрека за нив.
Други одат покрај долгата 175 километри ограда од бодликава жица, во потрага по друга пукнатина и слаби места, пред завршување на стабилната ограда.
Според податоците на српските власти околу 8 илјади бегалци се на српска територија, патувајќи кон унгарската граница. Многу од нив ги поминуваат ноќите во градските паркови.
Белград разгледува итен план за изградба на центри за сместување во близина на главниот град. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјавил пред неколку дена дека стеснувањето на влезот во Шенген зоната ќе создаде голема тензија. Според него, кога оградата ќе стане факт, мигрантите ќе се насочат кон Бугарија и Хрватска.
Агенцијата за бегалци на ОН изјавила дека очекува приливот на бегалци од Србија и Македонија и од Грција да се зголеми со интензитет од 3 илјади луѓе дневно и да трае со месеци.
