Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИГРАНТИТЕ ПАК ЗБЕСНАА: Сакаат на сила да влезат во земјава, војската на готовс!

МИГРАНТИТЕ ПАК ЗБЕСНАА: Сакаат на сила да влезат во земјава, војската на готовс!

После краткото затишје, мигрантите од земјите кои не се загрозени со војна повторно протестираат на грско-македонската граница, кај Гевгелија, каде десетици се качиле на жичената ограда барајќи да им се дозволи влез во Македонија.

На преминот кај Гевгелија се наоѓаат два кордони полиција, а силите за безбедност ја фатиле групата од оние кои некако успеале да ја заобиколат оградата и ги враќаат во Грција.

На границата и понатаму доаѓаат голем број специјалци, додека војската спремила и солзавец и водени топови, а на границата стигнале и оклопни возила, соопштуваат надлежните.

Воената полиција ги отстрани новинарите од граничниот премин. Над десетици економски мигранти, воглавно од Иран, се качиле на оградата и ги повикуваат останатите на протест. Голем број мигранти дошле до оградата од грчка страна,а во првите редови се деца, кои со себе носат транспаренти на кои пишува:

„Ние не сме терористи, сакаме мир“ и „Фала на помошта“. Причината за протест на економските мигранти е кулминацијата на незадоволството, бидејќи во изминатите ноќи во Македонија влегле неколку илјади луѓе од Сирија, Ирак и Авганистан, додекатие со денови чекаат од другата страна на границата. Ноќта во прифатниот центар во Гевгелија поминала прилично мирно.

Оние кои влегоа во земјата уредно ја поминааа границата и се префрлени до контролниот пункт, откаде исклучиво со возови се префрлаат до Табановце, бидејќи на таксистите и автопревозниците им е забрането да превезуваат мигранти. И грчката и нашата војска ги проверувале нивните документи, бидејќи се појави информација дека мигрантите доаѓаат со лажни пасоши кои во Грција ги плаќаат околу 100 евра.

Од друга страна, оние на кои не им е дозволен влез во земјава спиеле во шатори на грчката страна од границата, а некои од нив ноќта ја поминале во прифатниот центар Идомени. Инаку, војската од утрово копа дупки за столбови, како би ја зајакнала оградата од жица на границата со Грција.

Досега е изградена ограда која е долга околу осум километри, а подигањето на ѕидот не е завршено бидејќи планот е оградата да биде долга околу 50 км.

Слично

Поврзани вести