Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигрантите можат да и помогнат на економијата!?

Мигрантите можат да и помогнат на економијата!?
Имигрантите од 10-те земји кои се приклучија кон Европска унија (ЕУ) во 2004 година, придонесоа повеќе за економијата на Велика Британија, отколку што добиле како бенефиции во 2011 година, покажува најновото истражување. Имигрантите увезле 4,96 милијарди фунти повеќе во форма на даноци отколку што добиле од јавни услуги, покажуваат податоците на извештајот на центарот на истражувања и анализи на миграцијата од University College London. Извештајот сепак е предмет на критики, кои посочуваат дека тој не ја насликал реалната ситуација. Претседателот на организацијата Migration Watch, Сер Ендрју Грин истакнува дека периодите во извештајот се избрани намерно, за да го покажуваат позитивниот ефект од имиграцијата на Островот. "Ако ја испитате миграција од цела ЕУ, вклучувајќи и од земјите кои се приклучија пред 2001 година, ќе видите дека на крајот на дадениот период нивниот придонес е негативен со тренд на зајакнување", коментира тој. "Причината за тоа е дека една група млади и здрави луѓе не генерира толку многу трошоци за системот, но на долг рок овие трошоци се зголемуваат", посочува Грин. "Нашата нова анализа покажува позитивен фискален придонес на имигрантите, особено на оние кои доаѓаат од ЕУ", истакнува коавторот на извештајот, професор Кристијан Дестман. "Имигрантите, особено од новопримените и останатите земји од ЕУ, придонесуваат најмногу. Ова се должи најмногу на поголемото просечно учество на пазарот на трудот во споредба со локалните, како и на понискиот степен на добивање на социјални бенефиции од нив ", додава тој. Грин сепак, одговорил дека извештајот потврдува дека имиграцијата како целина ја чинела до 150 милијарди фунти Велика Британија во последните 17 години. "Што се однесува до неодамнешните имигранти од Европа, дури и според нивните податоци, чија точност ние ја оспоруваме, придонесот им е еквивалентно на помалку од 1 фунта неделно по глава на британското население", вели тој, посочувајќи дека луѓето од Велика Британија треба да одлучат дали дополнителниот притисок врз болниците, училиштата и другите услуги чини 1 фунта неделно. К.К.
Слично

Поврзани вести