Мигрантите бараат начини илегално да продолжат кон Европа
Мигрантите и бегалците бараат нови илегални патишта за да влезат во Македонија.
Тие од бегалскиот камп Идомени во соседна Грција, бараат нови патишта за да го продолжат патот кон централна или северна Европа поради затворењето на границата меѓу Грција и нашата земја.
Некои од бегалците успеале да ја преминат границата, не не стигнале многу далеку од кампот, пишуваат медиумите.
Според очевидци, група од 70 бегалци во саботата ја преминала границата од Грција кон Македонија, преку местата кои не биле заградени, оддалечени 20 километри од кампот Идомени. И останатите бегалци од Идомени смислуваат план како да ја минат границата, за да го продолжат својот пат кон посакуваните дестинации во потрага по подобар живот.
Слично
