Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИГРАНТИ: Законот за азил аминуван од Владата

МИГРАНТИ: Законот за азил аминуван од Владата

Мигрантите кончено ќе здивнат.

Измените на Законот за азил добија зелено светло на владината седница со што во Македонија секој мигрант кој ќе ја помине границата има фора да остане најмногу 72 часа, притоа може да ја напушти земјава или да побара азил.

Законските измени во најкраток временски рокн најверојатно во понеделник ќе се најдат пред пратениците во Собранието и предвидуваат секој мигрант да може да добие образец со што би им се олеснил транзитот низ земјава.

Мерките за решавање, следење на проблемите со мигрантите и нивниот транзит низ земјава ќе го следи координативно тело во чиј состав се министрите за внатрешни работи, надворешни работи, труд и социјална политика, здравство и за локална самоуправа.

Со овие закоснки измени мигрантите ќе може да го користат јавниот сообраќај, и нема да мора да одат пеш по топлото време, да се криајт и да ги оставаат животите по македонските пруги.

Деновиве сме сведоци на секојдневниот транзит на мигранти кои оставиле семејства, домови, татковината и тргнале во подобар живот, избегале од војни и сиромаштија, надевајќи се дека ќе го најдат своето место под сонцето некаде во Европа.

Важно е да напоменеме дека граѓани самостојно се организираат и им помагаат со храна облека и основни работи за живот со што барем малку им го олеснуваат мачниот, крпен живот на овие луѓе.

Слично

Поврзани вести