Мигранти со брод се превртеа кај Крит
Во близина на грчкиот остров Крит се преврте брод со неколку стотици мигранти, соопшти претставник на локалната полиција за АФП.
Досега успеале да се спасат 250 луѓе. Бродот од 25 метри е половина потопен. Кон местото на несреќата се испратени два патролни чамци, авион и хеликоптер. Најмалку четири бродови, кои се во областа, се вклучуваат во спасувачката операција.
„Луѓето се во водата, од бродовите , кои биле во зоната, им фрлиле спасувачки пловци за да можат мигрантите да се фатат за нив”- велат од полицијата.
Грчката крајбрежна стража информира дека засега не се знае колку точно мигранти имало на бродот, кој е лоциран на околу 75 наутички милји јужно од Крит во меѓународните води.
Слично
