Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигранти добивале инструкции како нелегално да влезат во Македонија

Мигранти добивале инструкции како нелегално да влезат во Македонија

Флаери од непознато потекло се делеле меѓу бегалците и мигрантите на македонско-грчката граница, во кои имало инстрикции како нелегално да ја преминат границата.

Напишани на арапски јазик, тие содржеле инструкции, вклучувајќи и мапа и насоки за алтернативен пат по кој може да се премине границата. Обвинителката Ефтерпи Коцамани му наложи на Јавното обвинителство во Солун да почне прелиминарна истрага за потеклото на флаерот што се делел во кампот во Идомени.

Коцамани побарала од обвинителите да ги пронајдат одговорните за печатење и дистрибуција на флаерот во кампот за бегалци на границата меѓу Грција и Македонија, што охрабри неколку стотици луѓе да се обидат да влезат во Македонија преку помалку обезбедени делови долж границата.

Слично

Поврзани вести