Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миење раце и предавање за жолтица – започна првиот училишен ден

Миење раце и предавање за жолтица – започна првиот училишен ден
Првиот училишен ден во училиштата низ Македонија започна по препорака на здравствените власти - со предавање од наставниците за начините на заштита од жолтица, болеста која непосредно пред стартот на учебната година достигна размери на епидемија во Скопје и Штип. Наставата денеска започна за 280.000 ученици во основните и средните училишта во Македонија. Меѓу нив 20.000 првачиња за првпат седнаа во училишните клупи. Сите тие на почетокот требаше да демонстрираат како ги мијат рацете и добија совети за одржувањето на личната хигиена. Училиштата имаат обврска редовно да ги снабдуваат тоалетите со течен сапун и да вршат дезинфекција со цел да се спречи натамошно ширење на болеста. Здравствените власти апелираат и до родителите да посветат поголемо внимание на хигиената на децата, бидејќи личната хигиена се учи најмногу во домот.  
Слично

Поврзани вести