Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОТАКИС ПРЕЖИВЕА: Останува премиер на Грција

МИЦОТАКИС ПРЕЖИВЕА: Останува премиер на Грција

Грчката конзервативна влада, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис, го преживеа гласањето за недоверба што го побара опозициската левичарска партија Сириза поради одговорот на владата за време на неодамнешното снежно невреме, кога илјадници луѓе останаа блокирани на автопатот.

По тридневна дебата, синоќа 156 од 300 членови на парламентот го поддржаа Мицотакис, јавува Ројтерс.

Сириза поднесе барање за недоверба, тврдејќи дека владата не ја исполнила својата должност да ја заштити земјата. Таа, исто така, ја обвини владата за лошо однесување во борбата против пандемијата на коронавирус и зголемените цени и ја повика владата да поднесе оставка. Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас оцени дека владата не успеала да го спречи хаосот предизвикан од невремето на 24 јануари, иако метеоролозите предупредија на снег, пренесува Танјуг.

Студениот бран што ја зафати Грција на 24 јануари донесе снег, од Атина до островот. Околу 3.000 автомобили останаа заробени со часови на главната обиколница околу Атина, а властите мораа да ја повикаат армијата да ги евакуира.

Во своето обраќање до пратениците пред гласањето, премиерот Мицотакис ја нарече иницијативата за недоверба „очајнички потег“ и рече дека е, како што рече, „очигледно осудена на пропаст“.

Мицотакис рече дека владата се соочила со невидени кризи откако дојде на власт во 2019 година, вклучително и пандемијата Ковид -19. Говорејќи за снежното невреме, тој ја обвини главната опозициска партија Сириза дека, како што наведе, „инструментализирала природна катастрофа“ за да изврши притисок врз власта.


Слично

Поврзани вести