Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОТАКИС: Патот како на Скопје, така и на Тирана кон Брисел неопходно поминува низ Атина

МИЦОТАКИС: Патот како на Скопје, така и на Тирана кон Брисел неопходно поминува низ Атина

Договорот од Преспа се најде и на предизборните митинзи на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, особено на оние во северна Грција, во грчката област Македонија: во Лерин, во Козани, во Солун, пренесува МИА. 

Таму грчкиот премиер посетуваше дека Нова демократија беше против Договорот, кој сега „не може да се промени, да се искине или да се смени со закон и член, бидејќи е меѓународен договор“, а при обраќањето на Генералното собрание на Асоцијацијата на грчки извозници ја актуализираше и трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“.

За време на синоќешниот централен митинг во Атина, на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, што воедно беше и последниот во предизборната кампања, Мицотакис го повтори истото она што го порача и од собирот во Солун во средата, дека „патот како на Скопје, така и Тирана кон Брисел неопходно поминува низ Атина, а единствено почитувањето на меѓународната законитост и на договорите може да даде зелено светло“.

На инаугурацијата, македонската претседателка Гордана Сиљановска - Давкова ја испушти придавката „Северна“ и тоа поттикна реакции во Грција. 

Слично

Поврзани вести