Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицотакис најави кампања за промоција на „брендот Македонија“

Мицотакис најави кампања за промоција на „брендот Македонија“

Намалување на невработеноста, 2000 евра надомест за секое новороденче, кампања за промоција на „брендот Македонија“, подобро јавно здравство и јавно образование, се дел од приоритетите во програмата на Нова демократија за следните четири години доколку партијата по изборите на 7 јули дојде на власт.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија и кандидат за иден премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис на настан во Атина ја презентираше четиригодишната програма, базирана на 16 големи столбови, односно 16 области кои веќе се објавени во брошура на 20 страници која, како што рече Мицотакис, масовно ќе се дели за да стигне до секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Слично

Поврзани вести