Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОТАКИС НА ИСТА ЛИНИЈА СО БАКОЈАНИ: Сите прашања треба да се решат истовремено

МИЦОТАКИС НА ИСТА ЛИНИЈА СО БАКОЈАНИ: Сите прашања треба да се решат истовремено

Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис бара пакет решение за сите прашања. 

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Мицотакис, во интервју за „Политико.еу“, изјави дека Грција треба да прифати договор само ако Скопје го промени Уставот и ги отфрли иредентистичките тврдења.

„Сите прашања треба да се решат истовремено. Не е само името, туку и иредентизмот, промената на учебниците, и на крајот и промена на нивниот Устав за да биде сигурно дека она што е договорено ќе се рефлектира во уставна промена“- вели Мицотакис.

Порталот потсетува дека малиот коалиционен партнер во грчката влада, Независни Грци, нема да поддржи никакво решение што го вклучува терминот „Македонија“, па така Ципрас, без согласност од Нова демократија, може да ја нема потребната поддршка во парламентот. Мицотакис, вели дека такви разговори можат да започнат кога Скопје ќе се согласи со условите на Нова демократија.

Ако нема промена на Уставот, вели дека тие нема да почнуваат дискусија. 

Како што вчера објави МИА, за пакет решение говореше и поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, а сега пратеник од Нова демократија.

Слично

Поврзани вести