Мицотакис ќе им дава коверти на новите министри
Приоритет на новата Влада на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе биде борбата против ригидниот бирократски систем на Грција па затоа денеска ќе претстави нов модел на управување.
Секој министер ќе добие коверт со шестмесечен план за својот ресор со цели кои ќе треба да се постигнат до крајот на годината, што на крај ќе биде и оценето според пропишани критериуми.
На сите владини функционери (министри, заменици, секретари, советници) ќе им биде забрането вработување на роднини од прво и второ колено, нивните сопрузи, сопруги и деца ќе имаат административна забрана за склучување на било каков договор со државата. На сите ќе им биде завранета истовремена професионална или бизнис активност, а ќе има и редуцирање на бројката на генерални секретари во министерствата од 93 на 60.
