Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицотакис има план за Договорот од Преспа

Мицотакис има план за Договорот од Преспа

Новиот грчки премиер, Кирјакос Мицотакис најави ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа. 

Воедно и европската перспектива на Западен Балкан е дел од итните приоритети на новата грчка Влада.

Што се однесува до Министерството за надворешни работи, стратешки избор е „зајакнување на позицијата на Грција во светот”, но и зајакнување на врските на земјата со традиционалните сојузници и истовремено одржување на отворените канали за комуникација и меѓународната соработка под услови на меѓусебнопочитување и интересстабилизација на земјите од Западен Балкан преку промоција на нивната европска перспектива.

Мицотакис на денешната прва седница на Владата на секој од министрите им подели по еден син коверт/папка што се однесува на целите на секое министерство, но и на нерешените прашања и на обврските што ги остави претходната влада.

Слично

Поврзани вести