Мицотакис го обвинува Ципрас, Ципрас вели ќе даде се од себе ...
Грчкиот премиер Алексис Ципрас се состанал со лидерот на водечката партија Нова демократија Кирјакос Мицотакис поради решавање на спорот околу името со Македонија.
Ципрас рекол дека има одговорност кон својата земја.
Мицотакис го обвинил Ципрас дека владата го користи прашањето за името Македонија во политички цели со цел да ја подели Нова демократија, пренесува агенцијата АНА.
Ципрас, како се наведува го убедувал Мицотакис да не презема релевантна иницијатива поради пронаоѓање на решение за тоа прашање како би се делел или обединил со било која политичка групација.
Како и да е, додал, се додека е премиер на Грција, има одговорност кон земјата и нејзината историја.
Истовремено, Ципрас рекол дека владата ќе даде се од себе да го реши прашањето околу името на Македонија.
