Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицотакис ги убедува Грците дека Ципрас многу и отстапил на Македонија

Мицотакис ги убедува Грците дека Ципрас многу и отстапил на Македонија

Претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакис од Кукуш порача дека грчкиот премиер, Алексис Ципрас на соседната земја ѝ отстапи нешто за кое ниедна претходна Влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик. 

„Ја посетувам Македонија во еден емотивно затегнат момент. По провокативното славење во Преспа, сѐ повеќе Грци разбираат дека лошиот договор што го потпишаа господинот Ципрас и господинот Заев, веќе започна да произведува резултати. Ципрас и неговото владино мнозинство на соседната земја и отстапија нешто за кое ниедна претходна влада немаше разговарано: македонската националност и македонскиот јазик“ – вели Мицотакис.

Тој  уште еднаш го повтори ставот дека партијата ќе гласа против ратификацијата на договорот кога ќе стигне во грчкиот парламент.

Слично

Поврзани вести