Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОТАКИС БАРА РЕШЕНИЕ: Грчки морнари се киднапирани во Камерун

МИЦОТАКИС БАРА РЕШЕНИЕ: Грчки морнари се киднапирани во Камерун

Грчки морнари паднаа во раце на киднапери. 

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис телефонски разговарал со министерот за поморство Јанис Плакиотакис за вооружениот напад на грчкиот танкер и киднапираните Грци во Камерун, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис побара да се направат сите неопходни активности за да случајот заврши без проблеми.

Во Камерун е извршен вооружен напад врз грчки танкер, при што се киднапирани осум од 28-те членови на екипажот. Петмина од киднапираните се грчки државјани, двајца се Филипинци, а еден е од Украина. Еден од киднапираните Грци е повреден. 

Киднапирањето се случило рано утрово, а бродот бил усидрен во пристаниште во близина на Лимбо. 

За нападот, веднаш е инфомирано Министерството за надворешни работи на Грција, а министерот за поморство Јанис Плакиотакис дал наредба на надлежните служби во министерството, во соработка со МНР и компанијата во чија сопственост е танкерот, внимателно да го следат случајот.

Во ноември, вооружена група зазема грчки танкер за нафта Елка Аристотел на петнаесетина километри од Лома, главниот град на Того и киднапираше 4 морнари.

Тројца беа ослободени на 13 декември, а четвртиот починал во заробеништво. Сè уште трае истрагата за тој случај. 

Слично

Поврзани вести