Мицкоски: Во Давос ги презентирав за нас клучните проекти, а тоа се Бошков Мост и Чебрен и Галиште
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска на панелот на Економскиот форум во Давос ги презентирал клучните проекти, а тоа се Бошков Мост и Чебрен и Галиште. Убеден e дека истите привлекле големо внимание кај голем број инвеститори.
„Имавме уште еден успешен ден во Давос, одржавме многу билатерални средби со мултинационални компании, кои што навистина многу значат во делот на бизнисот во светот“, изјави вечерва македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Денешната панел дискусија, на која учестувал Мицскоски, била фокусирана на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз идните трендови во стопанството.
„Имавме повторно успешен панел, повторно разговоаравме за двете теми кои се и клучни теми на овогодинешниот Самит во Давос, а тоа се вештачката интелигенција и сето она кое што ја придвижува таа интелигенција. Се разбира, дата-центрите, дата на податоци и она кое што ги движи дата-центрите, тоа е електричната енергија“, додаде премиерот.
Мицкоски рече дека имал ден исполнет со билатерални средби со политичари и потенцијални инвеститори.
„Денот го започнавме со билатерална средба со Борјана Кришто, којашто е претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а потоа го продолживме со многу билатерални средби со мултинационални компании коишто навистина значат многу во делот на бизнисот во светот“, изјави Мицкоски.
Најмоќните политичари деновиве се во Давос.