Мицкоски: Во 2022 барав да се намали акцизата за горивата, ама тоа беше неколку недели и месеци откако поскапеа
Премиерот Христијан Мицкоски по денешната средба во Стопанската комора на РСМ, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека намалувањето на акцизата и данокот се мерки кои се уште се разгледуваат во рамки на Владата.
Тој потврди дека во 2022 како лидер на опозицијата, кога имаше енормно поскапување на дизелот и останатите деривати, давал предлози за намалување на акцизите и даноците од страна на државата, но како што рече, тоа било по неколку недели од бранот поскапувања.
- Гледам дека се повикуваат на некои наши изјави дадени во 2022, но апсолутно едната и другата не се споредливи, бидејќи тие изјави се давани после неколку недели, после неколку месеци на континуиран раст, а ние сега зборуваме за неколку дена од почетокот на кризата, рече Мицкоски.
Опозицијата бара од Владата да прогласи кризна состојба за да може да се намали зафатот на државата од цените на горивата, а според премиерот состојбата се уште е нормална.
